-->
-->
Ерик Бејли прво засилување за Манчестер Јунајтед
-->
Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, Ерик Бејли е прбото засилување за англискиот премиер лигаш Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.
22-годишен централен дефанзивец, од денеска и официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, за кој „црвените ѓаволи’’ на шпанскиот тим Вилјареал му испатија 38 милиони евра.
„Ова е остварување на сонот. Да играш на ова ниво е сѐ што сакав во кариерата. Сакам да напредувам и да бидам што е можно подобар и мислам дека со Мурињо ќе се развијам како што треба во вистинскиот клуб. Едвај чекам да ги запознаам моите нови соиграчи и да почнам ново поглавје во мојот живот“, изјави
Бејли кој потиша четири годишен договор, е биде првото засилување на Манчестер Јунајтед по назначувањето на Португалецот, Жозе Мурињо за менаџер на тимот од „Олд Трафорд“.
Тој изминатите две сезони го носеше дресот на Вилјареал екипа за која настапи на 35 натпревари, но не успеа да постигне ниту еден гол. Претходно го носеше и дресот на Еспањол во младинскиот и сениорскиот тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра