Ердоган жали за одлуката на САД да не издаваат визи на турски граѓани
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека одлуката на САД да прекинат со издавање визи во Турција е разочарувачка. Тој додаде дека претставници од турското МНР се во постојан контакт со американски колеги за тоа прашње.
- Пред се одлуката е многу разочарувачка. За Амбасадата во Анкара да прифати таква одлука и да ја спроведува, тоа е разочарувачки, изјави Ердоган на прес конференција за време на посетата на Украина.
Мисијата на САД во Турција соопшти дека ја прекинува работата на своите служби за издавање неимигрантски визи во американските дипломатски претставништва во Турција, а како причина е наведено дека Анкара мора да ја „преразгледа“ својата посветеност околу безбедноста на американскиот дипломатски персонал.
Анкара со реципрочни мерки одговори на одлуката на американската мисија во Турција за прекин на работата на службите.
Турција соопшти дека ќе го прекине издавањето неимигрантски визи за Американци, но тие рестрикции ќе бидат построги бидејќи се однесуваат на „визи во пасошите, како и е-визите и оние кои се добиваат на граница“, а не само тие што се издаваат во дипломатските претставништва во САД.
Одлуката за контрамерките ја соопшти амбасадата на Турција во Вашингтон.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина