Балкан
1. July 2019 - 9:06

Ердоган: Во следните 10 дена ќе пристигнат првите С-400

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека првата испорака на рускиот систем за противракетна воздушна одбрана С-400 во Анкара ќе пристигне во следните 10 дена.

Еден ден откако Ердоган изјави дека нема да има американски санкции за испорака на руски системи, тој по билатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп по самитот Г-20 во Јапонија, рече дека несогласувањата околу С-400 ќе бидат надминати „без проблеми”.

САД тврдат дека ПР системите С-400 ќе ги загрозат американските борбени авиони Ф-35, бидејќи тие не се компатибилни со нив, заканувајќи се да ја суспендираат планираната испорака на овие авиони на Анкара.