Ердоган во одбрана на Трамп: Ако некого нарекуваат диктатор, тој е добар човек
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги критикуваше оние Американци и Европејаци коиб новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го нарекуваат „диктатор“, само затоа што не се согласуваат со неговиот избор.
На денешното заседание на Организацијата за исламска соработка, Ердоган ги обвини жителите на западните земјионие кои го напаѓаат Трамп, дека не ја почитуваат демократијата и резултатите од изборите во САД.
- Во Америка почнаа Трамп да го нарекуваат диктатор. Во некои земји во Европа се собраа на улиците да протестираат (против него) и почнаа да извикуваат „диктатор“. Зошто не ги почитувате резултатите од изборите?, праша Ердоган.
Турскиот претседател исто така посочи, дека секој лидер кој не им служи на интересите на Западот, е обвинет дека е диктатор.
- Некого нарекуваат диктатор? Значи треба да размислувате одбратно. Тој човек е добар, нагласи Ердоган.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница