Балкан
16. January 2019 - 20:25

Ердоган: Во нападот во Манџиб убиени се 20 луѓе од кои петмина се американски војници

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека во бомбашкиот напад во Манџиб на север во Сирија, загинале 20 луѓе, меѓу кои и петмина американски војници.

На прес конференција во Анкара тој додаде дека не верува тои нападот ќе влијае врз одлуката на претседателот Доналд Трамп за повлекување на американските трупи од Сирија.

Американската армија соопшти дека во бомбашки напад за кој одговорност презеде ИД, загинале четири и ранети се тројца војници. Тоа е најсмртоносен напад врз американски сили од нивното распоредување во Сирија во 2015 година.