Балкан
24. May 2016 - 19:28

Ердоган: Визна либерализација, па реадмисија на мигранти

Турција нема да презема понатамошни чекори со цел примена на Договорот со Европската унија за реадмисија на мигранти се додека нема напредок за прашањето за визна либерализација за турските граѓани, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој предупреди дека турскиот парламент ќе ги блокира законите за тој договор ако за граѓаните на Турција не биде гарантирано патување без визи.

– Ако тоа не се случи...никаква одлука или закон во рамки на договорот за реадмисија нема да излезат од турскиот парламент, изјави ердоган. 

На Хуманитарен самит во Истанбул тој додаде дека финансиските средства што ги ветиле од ЕУ во рамки на договорот, се уште не се добиени во Турција.