Ердоган: В петок почнуваат заедничките турско–руски патроли во Сирија
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека в петок ќе почнат заедничките патроли со Русија во североисточниот дел на Сирија.
Заедничкото патролирање е во согласност со договорот што го постигнаа турскиот и рускиот претседател Ердоган и Владимир Путин, според кој турско–руските патроли ќе дејствуваат во зона оддалечена 10 километри од границата.
– Најостро ќе одговориме на кој било напад, посочи Ердоган, додавајќи оти „безбедносната зона ќе биде проширена ако тоа биде потребно“.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера изјави курдските сили се повлекле од безбедносната зона пред истекот на рокот.
Повлекувањето на курдските сили почна на 23 октомври, а заврши вчера. Врз основа на договорот што минатата недела го постигнаа рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Ердоган, курдските сили од Единицата за заштита на народот требаа да се повлечат заедно со своето оружје од североисточна Сирија во рок од 150 часа на 30 километри оддалеченост од границата со Турција.
Курдските сили се повлекоа од пограничната зона во која Турција на 9 октомври изврши офанзива врз нив. Офанзивата беше прекината неколку дена во согласност со договорот постигнат помеѓу Анкара и Вашингтон.
Припадници на руската воена полиција и сириската гранична полиција се распоредени во зоната со цел да го олеснат повлекувањето на Курдите.
Ново на Сител
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата