Балкан
27. October 2016 - 14:43

Ердоган: Турската воена операција во Сирија ќе се насочи кон Манбиџ и Рака

Турската воена операција во северна Сирија по градот Ал Баб ќе се насочи кон градот Манбиџ, кој неодамна беше извојуван од Исламска држава од бунтовничките сили, предводени од Курдите и кон упориштето на џихадистите Рака, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Тој посочи дека го информирал американскиот претседател Барак Обама за тие планови вчера во телефонски разговор. 

Ердоган истакна дека ирачкиот регион Синџар, западно од Мосул е на пат да се претвори во нова база на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) и дека Турција нема да го дозволи тоа.