Балкан
25. November 2015 - 12:04

Ердоган: Турцијан не сака ескалација на тензијата со Русија

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека неговата земја не сака ескалација на тензиите во односите со Русија поради соборувањето на рускиот авион, но истакна дека секогаш ќе ги брани турските граници. 

- Немаме намера да провоцираме ескалација на тензиите за овој инцидент. Ние само ја браниме нашата безбедност и правото на нашите браќа, потенцира Ердоган во Истанбул, пренесуваат турските медиуми. 

Тој сепак додаде дека никој не може да очекува од Турција да молчи кога ќе дојде до повреда на нејзините граници. 

Турскиот претседател рече дека турските ловци пукале на рускиот воен авион додека тој се наоѓал во турскиот воздушен простор, но тој паднал на територијата на Сирија, иако некои делови паднале во Турција и повредиле двајца турски државјани. 

Турција вчера наутро собори руски воен авион на границата со Сирија бидејќи, како што тврди турската војска, го нарушил воздушниот простор на Турција, иако неколку пати бил опоменат, додека руското Министерство за одбрана истакнува деќа рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор, туку бил во Сирија.