Ердоган: Турција се уште „на ја затвори книгата за ЕУ“, но има алтернативи
Турција се уште „не ја затвори книгата“ за Европската Унија, откако минатата недела Европскиот Парламент препорача замрзнување на преговорите за приклучување на земјата кон Унијата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Тој, истовремено, истакна дека Анкара „секогаш има други алтернативи“.
Ердоган минатата недела изјави дека Турција нема потреба по секоја цена да се приклучи кон ЕУ и својата реална алтернатива на тоа ја гледа во членство во Шангајската организација за соработка.
Турскиот претседател посочи дека со инсистирањето за прекин на преговорите за полноправно членство, ЕУ ја навреди Турција.
- И покрај тоа, засега не ја затворивме книгата за ЕУ, потенцира шефот на турската држава.
Без да ги истакне другите турски алтернативи Ердоган денеска најави дека продолжуваат преговори со другите потенцијални партнери.
- Ние можеме да продолжиме по својот пат со некого од нив, рече Ердоган на прес-конференција во Истанбул.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје