Балкан
17. December 2017 - 21:42

Ердоган: Турција ќе ја прочисти границата од сириските Курди

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги критикуваше курдските Сили за заштита на народот, кои уживаат поддршка од САД, наведувајќи дека ќе ја прочисти турско-сириската граница од нивните припадници. 

- Турција нема да дозволи „гнездо на терористи“ во близина на границата, посочи Ердоган, алудирајќи на областа што е под контрола на Силите за заштита на народот во северниот дел на Сирија. 

Турскиот претседател денеска објави список на областите кои треба да бидат прочистени од терористи. 

- Ќе го прочистиме Африн од терористи, ќе го прочистиме Манбиџ од терорости. Ќе ги прочистиме Тел Абјад, Рас ал Ајн и Камишли од терористи, нагласи Ердоган.