Балкан
3. July 2017 - 14:58

Ердоган: Турција ќе изгради сопствен носач на авиони

Турција планира да изгради сопствен носач на авиони, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, за време на церемонијата по повод пуштањето во вода на корвета од турско производство.

- Турција во 2023 година треба да добие независност од странските компании во воената индустрија, нагласи Ердоган. 

- Ние ќе изградиме сопствен носач на авиони. Наша должност е да станеме еден од лидерите во бродоградбата, а носачот на авиони не е далечен сон за нас, наведе Ердоган.