Ердоган: Турција и натаму ќе презема мерки против заканите што доаѓаат од нејзината граница со Сирија
Турција ќе продолжи да презема мерки против заканите што доаѓаат од нејзините јужни граници со Сирија и Ирак, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесоа британските медиуми.
На заедничка прес-конференција со својот руски колега Владимир Путин во Сочи, Ердоган изјави дека верува дека Путин ќе одигра важна улога во воспоставување на примирјето во Сирија.
Ердоган посочи дека Турција не прави разлика меѓу сириските курдски Сили за заштита на народот, кои се подржани од САД како нивни сојузник во борбата против Исламска држава, и оваа радикална сунитска група.
- Ние не правиме разлика меѓу терористички организации. ДАЕШ (арапскиот акроним за Исламска држава), СЗН, Ал Каеда за нас се едно исто, посочи Ердоган во коментарот што во живо беше пренесуван на телевизија.
- Наша заедничка одговорност е да ги искорениме, додаде турскиот претседател.
Ердоган повеќе пати ги критикуваше САД за нивната поддршка за Силите за заштита на народот во борбата против ИД.
Турција овие курдски сили ги смета за терористичка организација, поврзана со Курдската работничка партија (ПКК).
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот