Ердоган: Турција е подготвена заедно со Русија и Иран да го врати мирот во регионот
Турција е решена, заедно со Иран и Русија, да преземе напори за враќање на мирот и стабилноста во регионот, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со иранскиот колега Хасан Рохани.
- Денес повеќе од било кога претходно ние сме решени рака под рака со Иран и Русија, со заеднички мерки, да се обидеме да ги решиме регионалните проблеми и имаме намера да ги активираме напорите за враќање на мирот и стабилноста во регионот, изјави Ердоган.
Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на иранската агенција ИРНА, Ердоган го информирал Рохани и за ситуацијата во Турција.
- Во моментов ситуацијата се нормализира, но засега е се уште рано да се зборува дека е се завршено, изјави Ердоган.
Рохани, од своја страна, ги пофалил храброста и политичката зрелост на турскиот народ, кој ја одбрани законски избраната власт.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација