Ердоган: Солидарност и одлучност се најправилен одговор на теророт
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го осуди нападот во Анкара, при што загинаа најмалку 30 луѓе.
Тој наведе дека нападот е насочен против мирот и единството на земјата и апелира за „солидарност и одлучност како најправилен одговор на теророт“.
- Остро го осудувам гнасниот напад врз нашата земја. Најправилен одговор на таквата појава на тероризам ќе биде да ја покажеме нашата солидарност. Нашата држава и сите институции работат на случјот. Убеден сум дека виновниците ќе бидат откриени и изведени пред суд во најкраток рок, се наведува во соопштението од кабинетот на Ердоган.
Пред денешниот планиран марш на мирот во знак на протест поради судирите меѓи државата и курдските милитанти во југоисточна Турција, во Анкара одекнаа две експолозии во кои загинаа најмалку 30 луѓе, а 126 се повредени. Екслозијата се случи во близина на главната железничка станица. Истражен тим смета дека за експлозиите одговорен е бомбаш-самоубиец.
Во меѓувреме, генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го осуди нападот кој се случи утрово во Анкара
- Утринските вести од Анкара се шокирачки и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти. Сакам да изразам сочуство за сите кои изгубиле пријатели и сакани во нападот. Слободата на собирање и слободата на изразување се основните столбови на дмеократијата, истакна Јагланд.
Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до Ердоган поради жртвите во Анкара. Путин изрази подготвеност за соработка со Турција во борбата против тероризамот.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот