Балкан
8. February 2016 - 8:55

Ердоган со порака до Вашингтон: Изберете кој ви е партнер

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја критикуваше посетата на американски официјален претставник на северносирискиот град Кобане, кој е под контрола на локалните курдски сили, порачувајќи му на Вашингтон да избере кој ќе биде негов партнер - Турција или партијата на сириските Курди, Демократската унија.  

Турција ја обвинува Демократската унија за поврзаност со Курдската работничка партија (ПКК) и ја смета за терористичка организација.

- Како да ви веруваме. Дали сме ние ваш партенр или терористите во Кобане, изјави Ердоган. 

Турскиот претседател реагираше на посетата на специјалниот пратеник на американскиот претседател Барак Обама, Брет Мекгурк на Кобане, од каде минатата година силите на Демократската унија, потпомогани со воздушните напади на меѓународната коалиција, уапсеаја да ги потиснат борците на групата Исламска држава (ИД).