Ердоган се надева дека преговорите за Сирија во Астана ќе доведат до решавање на кризата
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека преговорите за Сирија во Астана на 14 и 15 септември ќе доведат до конректно решение.
- Преговорите во Астана се мошне важни. Како што ми соопштија подготвителната работа практично е завршена. Сметам дека ќе има конкретно решение. Сакам да ги видам плодовите од тие преговори во Астана, изјави Ердоган на средба со претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев.
Според Ердоган преговорите во Астана ќе помогнат за олеснување на Женевскиот процес.
Шестата меѓународна средба за Сирија ќе се одржи во Астана на 14 и 15 септември. На неа ќе бидат разгледани серија документи, извештаите за активностите на силите за контрола на деескалацијата и ќе продолжи работата за усогласување на составот на силите за контрола на Идлиб.
Освен тоа се очекува земјите да ја усвојат заедничката декларација за хуманитарно деминирање на историските споменици во Сирија, вклучени на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“
-
Денеска е Светскиот ден на туризмот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер и специјалист за безбедност во сообраќај
-
Орбан пристигна во Охрид
-
Општините да внимаваат како ќе ги трошат парите од унгарскиот заем