Свет
19. November 2016 - 10:00

Ердоган: Разочаран сум од Обама и САД

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги критикуваше САД поради нивниот пристап кон сириската криза, изјавувајќи дека е „разочаран“ од Вашингтон.

Тој во интервју за телевизијата Си-Би-Ес истакна дека како резултат на американската политика во Сирија постои безбедносна закана на јужната граница на Турција и околу три милиони бегалци во неговата земја.

- Ќе бидам искрен и ќе ја кажам вистината дека навистина сум разочаран, нагласи Ердоган.

Шефот на турската држава додаде дека во врска со тие прашања разговарал и со претседателот и потпретседателот на САД, Барак Обама и Џо Бајден.

- Тие не им пристапија сериозно на овие проблеми. Тоа за нас е многу загрижувачко, изјави Ердоган.