Ердоган: Продолжен договорот за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа
Договорот за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа, кој требаше да истече денеска, е обновен, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Договорот за коридорот за жито требаше да истече денеска. Како резултат на нашите преговори со двете страни (Русија и Украина), обезбедивме продолжување на овој договор“, рече Ердоган во обраќање во западниот град Чанакале.
Тој им се заблагодари на ОН за напорите за продолжување на овој договор, јави телевизијата ТРТ.
Украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков изјави дека договорот е продолжен за 120 дена.
Русија првично побара договорот да биде обновен за само 60 дена, половина од рокот на претходното продолжување, додека Украина настојуваше за 120 дена.
Црноморската иницијатива за жито, со посредство на Обединетите нации и Турција во јули минатата година, овозможува извоз на жито од три украински пристаништа. Таа беше продолжена во ноември и е во сила до 18 март.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата