Ердоган пристигна во официјална посета на Србија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган допатува синоќа во дводневна официјална посета на Србија, а на аеродромот во Белград го пречекаа српскиот колега Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и членови на Владата на Србија.
Ердоган пристигна во Белград со голема делегација, составена од 185 бизнисмени и осум турски министри.
Официјалните разговори на турскиот претседател почнуваат денеска на тет-а-тет средба со Вучиќ, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.
Потоа следуваат средби на двете делегации и потпишување на неколку договори меѓу Србија и Турција. Ердоган утре ќе го посети градот Нови пазар, кој е главно населен со муслимани, во областа Санџак, јужна Србија.
За време на посетата ќе бидат зајакнати безбедносните мерки, а за безбедноста на Ердоган, освен неговите лични 50 телохранители, ќе се грижат и 3.000 полицајци.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците