Свет
26. November 2015 - 21:30

Ердоган: Поинаку ќе реагиравме ако знаевме дека е руски авион

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дела Турција поинаку би реагирала ако знаела дека воениот авион, кој беше соборен на сириската граница, бил руски.

- Да знаевме дека тоа беше руски авион, можеби поинаку би ги предупредиле, посочи Ердоган за телевизијата Франс 24.

Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин не одговорил на неговиот повик по инцидентот, кој сериозно ги наруши односите меѓу двете држави.

Турската армија во вторникот собори руски воен авион Су-24 на границата со Сирија. Според тврдењата на турската армија авионот го нарушил воздушниот простор на Турција и оти пилотите повеќепати биле предупредени. Руското Министерство за одбрана тврди дека авионот не бил во турскиот воздушен простор.

Двајцата пилоти се катапултираа, но еден од нив беше убиен од екстремистите, додека другиот беше спасен од руските и сириските специјални сили.