Балкан
11. August 2018 - 18:13

Ердоган побара помош од Путин - се заоструваат односите Турција-Сад

Ако продолжите да не не почитуваате и да донесувате еднострани одлуки, Турција ќе биде приморана да си бара нови пријатели. Вака  Ердоган им  се закани на американските власти во колумна објавена во Њујорк Тајмс. Оваа закана доага само два дена по ургентниот телефонски  разговор на линија Анкара –Москва. Ердоган и Путин разговарале за подобрување на економските односи мегу двете земји, но и за  военаста сораборка, однсно купувањето на рускиот ракетен одбрамбен систем с- 400.

Во меѓувреме , вредноста на турската лира падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика  Турците да ги продаваат доларите и златото и да купуваат лири за да ја заштитат турската економија.

Продлабочувањето на финансиската криза е резултат на одлуката на американскиот претседател Трамп двојно да ја зголеми царината за увоз на алуминиум и челик од Турција од 20 на 50 проценти.

Поради ова, вредноста на турската лира падна вчера за цели 18 проценти, што е најголем пад на вредноста на лирата од финансиската криза во Турција во 2001 година.

Но тензиите мегу АНкара и Вапингтон се предизвикани и од конфлктот околу затворениот американски свештеник  во Турција обвинет за шпионажа и тероризам, во врска со о бидот за пуч пред две години.

САД бараат ослободување на пасторот Бренсон, а како контрамерка воведе финансикси санкции против двајца турски министри,а се закани и на дополнителни казни против Турција. Американскиот притисок кон Ердоган ја  охрабри и турската опозиција која бара итни демократски промени во земјата.