Ердоган оствари телефонски разговори со лидерите на Катар, Русија, Кувајт и Саудиска Арабија
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговори со лидерите на Катар, Русија, Кувајт и Саудиска Арабија, при што разговараше за намалувањето на тензиите, изјави анонимен извор, пренесува БТА.
- При разговорите е истакнато значењето на регионалнот мир и стабилноста, како и важноста фокусот да се стави на дипломатијата и дијалогот со цел да се намали моменталната тензија, наведе изворот.
Пет арапски земји и либиската Влада од источнот дел на земјата, што е во сојузништво со командирот Калиф Хафтар и Малдивите ги прекинаа дипломатските односи со Катар.
Земјите, што ја донесоа оваа одлука, за физичко и дипломатско изолирање на Катар, тврдат дека Катар ги пддржува исламистичките групи и тероризмот.
Односите ги прекинаа Бахреин, Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, Либија и Малдивите и соопштија дека ќе ги повлечат нивните дипломати од Катар, како и дека ќе ги протерааат катарските дипломати од нивните територии.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност