Ердоган останува против влезот на Финска и Шведска во НАТО
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за државната телевизија ТРТ истакна дека и понатаму е против членство на Финска и на Шведска во НАТО.
– Им кажавме на лидерите на НАТО дека ќе кажеме не на апликациите на Финска и на Шведска. И тоа продолжува да биде наш став, посочи Ердоган.
Финска и Шведска поднесоа барање за членство во Алијансата, но Турција вчера го блокираше почетокот на пристапните преговори со двете скандинавски земји во Советот на НАТО, поради нивната поддршка на забранетата Курдистанска работничка партија и курдската милиција Единици за народна одбрана во Сирија.
Вашингтон изр ази уверување дека двете држави ќе бидат примени во Северноатлантската алијанса, а во текот на денот американскиот претседател Џо Бајден ќе оствари средба со шведскиот премиер и финскиот претседател.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари