Ердоган: Односите меѓу Турција и Русија се исклучително важни за регионот
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се надева на продуктивни разговори со својот руски колега Владимир Путин во Санкт Петербург на 9 август, пренесува ТАСС, повикувајќи се на изјава на Ердоган за турската државна телевизија ТРТ.
- За жал ние со Русија имавме несакан инцидент, оној со авионот, и наредните осум месеци имаше редица негативни процеси. По сето тоа, посочуваме во писмо дека односите помеѓу Турција и Русија се исклучително важни за целиот регион, дека е несоодветно да живееме одделно едни од други и предложивме да работиме на решавање на проблемите. Од другата страна, добивме позитивен одговор на тоа наше образложение, рече Ердоган за ТРТ.
- Јас сум уверен дека по мојата посета, многу работи одново ќе се вратат во колосек. И се разбира, една од најважните теми за нас е Сирија. Претходно ние подробно го проанализиравме тоа прашање. Очекувам тие продуктивни разговори со Путин да продолжат уште на средбата на Г-20 во Кина, додаде на крајот турскиот претседател.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство