Балкан
21. May 2018 - 9:32

Ердоган од Сараево побара поддршка од дијаспората за негов реизбор

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа на предизборен собир во босанскиот главен град Саарево, ги повика државјаните на Турција што живеат во странство на изборите на 24 јуни да го дадат гласот за негов резибор на претседателската функција. 

- Како европски Турци вие секогаш сте ни давале голема поддршка. Сега нам одново ни е потребна (таа поддршка) на овеи избори, изјави Ердоган во обраќањето пред околу 15.000 лица во најголемата спортска сала во Сараево.

Тој при тоа ги повика Турците во Европа, активно да се вклучат во политиката во земјите во кои живеат, со цел „да влијаат за намалување на антитурското располжение“ во тие држави.

Ердоган го избра Сараево за место од кое ќе и се обрати на турската дијаспора, откако повеќе европски држави во кои живеат голем број Турци, како Германија, Австрија и Холандија, му забранија да одржува предизборни собири и да агитира на нивна територија.

Предвремените претседателски и парламентарни зибори на 24 јуни се особено важни, бидејќи по нив стапуваат во сила уставните измени усвоени на референдумот минатата година, со кои Турција од парламентарна се трансформира во претседателска република.