Ердоган: Не минаа незабележано напорите за експлоатација на гас во Средоземно Море
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги предупреди Грција, Кипар и меѓународните компании кои истражуваат гас во Средоземното Море да „не ја преминуваат линијата“ и да не ги повредуваат турските права.
Ердоган изјави дека опортунистичките намери во врска со експлоатација на гас на Кипар не минале незабележано.
Турски воени бродови се стационирани недалеку од Кипар за да ја спречат италијанската енергетска компанија „Ени“ да почне со експлоатација на природен гас Турција се противи на, како што тврди, едностраната потрага на кипарската Влада по течно гориво, бидејќи со тоа се нарушуваат правата на кипарските Турци на природните ресурси на островот.
Кипарските Грци ја обвинија Турција дека во текот на викендот со своите воени бродови ги попречувала бродовите кои требале да почнат со извлекување гас.
Европската унија вчера побара од Турција да се воздржи од закани и од „секаква акција која би можела да ги наруши добрите соседски односи“ на Кипар
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи