Loading Video...
Свет
16. October 2019 - 18:04

Ердоган - курдските борци до вечер да се повлечат од северна Сирија

Над 600 припадници на курдската милиција се убиени во турската воена операција Извор на мирот во Северна Сирија која почна на 9 октомври. Покрај оваа информација турскиот претседател  говорејќи  во парламентот во Анкара повтори дека операцијата ќе заврши кога регионот ќе биде исчистен од припадниците на курдската милиција. Според Ердоган, најбрзото решение за завршување на операцијата е екстремистите да го положат оружјето и до вечерва да се повлечат од северот на Сирија.