Свет
24. April 2017 - 15:01

Ердоган ќе се сретне со Трамп кон средината на следниот месец

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе се сретне во Белата куќа со својот американски колега Доналд Трамп за време на претстојната посета на САД кон средината на следниот месец.

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин истакна дека Ердоган ќе отпатува во САД на покана од Трамп.

Двајцата лидери ќе разговараат за Сирија, Ирак и евентуалната екстрадиција на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за неуспешниот државен удар во јули минатата година.

Неодамна Ердоган изјави дека ќе се сретне со Трамп на 16 и 17 мај во Вашингтон, што ќе биде нивна прва средба откако Трамп во јануари ја презеде претседателската функција.