Балкан
11. December 2016 - 13:16

Ердоган: Ќе ја продолжиме нашата борба против теророт

Ќе ја продолжиме нашата борба против теророт до самиот крај, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, цитиран од британските медиуми.

Тој потврди дека во двојниот бомбашки напад од синоќа во близина на стадионот „Водафон Арена“ во Истанбул убиени се 38 лица и уште 155 се ранети.

Претседателот зборуваше пред новинарите, откако ја посети болницата во  Истанбул, во која се принесени некои од ранетите во нападите, информира турската телевизија НТВ.

Во меѓувреме, премиерот Бинали Јилдирим изјави дека речиси и нема сомненија дека двојниот атентат во Истанбул е дело на Курдската работничка партија (ПКК).