Македонија
15. јуни 2019 - 16:37

Ердоган ќе ја отвори реконструираната џамија во Охрид

Вратите на Али пашината џамија отворени за амбасадорката на Република Турција во нашата држава  , нејзиниот тим како и претставници од муфтиството од Охрид.Тие денеска извршија контрола на верскиот објект а официјалното отворање на кое се очекува да присуствуваат претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган премиерот Заев и претседателот Пендаровски ќе биде закажано кога ќе се најде заеднички термин.

И покрај реакциите дека минарето се гради цели три години под превезот на проектот за реставрација и конзервација без одобрение за градба за амбасадорката Тулин Еркал  Кара нема ништо спорно таа вели дека верскиот објект е изграден согласно договорот помеѓу двете земји.

Амбасадорката Тулин Еркал  Кара тврди дека верскиот објект е реставриран како што бил во минатото и порача да се почитуваат различностите помеѓу луѓето.

Со реконструкцијата на овој верски објект споре амбасадорката Тулин Еркал  Кара ќе се збогати културното наследство а воедно ќе се зголеми  и бројот на посетители во градот.