Балкан
8. December 2015 - 14:15

Ердоган: Инсистираме на безбедносни зони во северниот дел на Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска порача дека неговата земја инсистира на воспоставување „безбедносни зони“ во северниот дел на Сирија и брзо спроведување на предлозите за обука и опремување на умерените бунтовници.

Ердоган својата изјава ја даде во обраќањето во Анкара пред група официјални претставници од соседството.

Тензиите на сириско-турската граница се зголемени откако Турција собори руски воен авион кон крајот на минатиот месец.

Оттогаш Вашингтон времено се откажа од барањето Анкара да има активна улога во интервенцијата, која против Исламска држава ја спроведува меѓународната коалиција предводена од САД.