-->
-->
Ердоган: Им дадовме снимки за убиството на Кашоги, сите знаат
-->
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека официјални лица од Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и Велика Британија преслушале аудио снимки во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги што им ги дала Турција.
– Им дадовме снимки. Им дадовме на Саудиска Арабија, САД, на Германците, Французите и Британците. На нив сите. Тие ги преслушале разговорите. Сите знаат, изјави Ердоган.
Тој го повика Ријад да го идентификува убиецот меѓу 15-те од тимот што дошле во Турција неколку дена пред убиството на Кашоги.
– Саудиската влада може тоа да го открие така што ќе ги натера оние 15-на да прозборат, потенцира тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци