Балкан
2. February 2017 - 15:53

Ердоган и Меркел разговараа за Сирија, Ирак и за Егејското Море

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Анкара, изјави дека тие воглавно разговарале за развојот на ситуацијата во Сирија, Ирак и во Егејското Море.

Тој додаде дека со Меркел дискутирале и за соработка во борба против групата Исламска држава, за бегалската криза и за можно преземање на заеднички чекори во Сирија.

Тоа е прва посета на Меркел на Турција по неуспешниот обид за воен удар во јули минатата година.