Ердоган и Борисов ќе ја отворат реконструираната „Железна црква“ во Истанбул
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и бугарскиот премиер Бојко Борисов в недела во Истанбул ќе присуствуваат на свеченото отворање на реконструираната црква „Свети Стефан“, позната како „Железна црква“, чија реставрација траеше седум години.
По повод завршената реставрација, Борисов се заблагодари за турската финансиска помош, истакнувајќи дека „Железната црква“ претставува „ремек дело на Босфорот“.
Според Борисов, отворањето на црквата ќе биде дополнителен мост за нормализирање на односите помеѓу Турција и Бугарија.
Сите работи за реконструкција на црквата беа спроведени од Одделот за градежни работи при Дирекцијата за наука и технологија на Турција, а општина Истанбул донираше 13 од 16-те милиони лири (2,9 од 3.5-те милиони евра) за обнова на „Железната црква“.
Претседателот на Фондацијата на Бугарската православна црква (БПЦ), Васил Лијазе изјави дека сите подготовки за отворање на објектот се завршени.
- Многу сме среќни што конечно ќе биде отворена историската црква, која беше затворена девет години, изјави Лијазе.
Тој им се заблагодари на сите што придонесоа за обнова на „Железната црква“ според оригиналниот проект, нагласувајќи дека таа е важна „за иднината на многу Бугари“.
Црквата „Свети Стефан“ е изградена во 19 век со трансформација на дрвена во железна црква. Таа е една од неколкуте цркви од леано железо во светот, што се уште постојат.
Идејата за црквата потекнува од британскиот изум за изработка на преносливи железни цркви наменети за британските колонии. Творецот на Ајфеловата кула, францускиот инженер Густав Ајфел, исто така дизајнирал и железни цркви, кои биле испратени на Филипините и во Перу.
Покрај црквата „Св. Стефан“ во Истанбул, БПЦ во Турција ја има и црквата „Св. Димитриј“ во Ферикој.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација