Ердоган го отфрли извинувањето од НАТО за инцидентот на воената вежба во Норвешка
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го отфрли извинувањето од НАТО, отакако на воена вежба на Алијансата во Норвешка, тој и Мустафа Кемал Ататурк на мапа биле прикажани како непријатели.
Ердоган истакна дека такво омаловажувачко однесување не може да се прости толку лесно.
- Вие гледате омаловажувачко однесување за време на вчерашната воена вежба на НАТО. Има некои грешки кои ги прават не глупаци, туку само подли луѓе, изјави Ердоган во говор кој бил во живо емитуван на турските телевизии.
- Тоа прашање не може да се затвори само со просто извинување, рече турскиот претседател.
Турција ги повлече своите војници од воената вежба на НАТО во Норвешка поради инцидентот.
- Тоа беше вежба на НАТО и ние испративме 40 војници, кои решивме да ги повлечеме, рече по тој повод Ердоган, додавајќи дека нивните имиња биле отстранети од листата на непријатели, но, сепак, тие не сакаат да имаат војници во таа вежба.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и се извини на Турција за инцидентот. Според него, инцидентот во кој Ердоган и Ататурк биле идентификувани како непријатели е резултат на активностите на една личност и не ги одразуваат официјалните ставови на НАТО. Личноста што го предизвикала инцидентот е дисциплинирана од страна на норвешките власти, додаде Столтенберг.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак