-->
-->
Ердоган ги повика земјите да го признаат Ерусалим за престолнина на Палестина
-->
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика сите земји да го признаат Ерусалим за престолнина на Палестина, јави турската телевизија НТВ.
- Ерусалим е нашата црвена линија. Израел е окупаторска и терористичка држава, изјави Ердоган пред учесниците на вонредната средба на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, посветена на прашањето за Ерусалим.
Тој додаде дека израелската Влада ги малтретирала беспомошните луѓе, притоа покажувајќи фотографија на која се гледа палестинско момче со затворени очи, опкружено со израелски војници.
Турскиот претседател ги повика САД да се откажат од „незаконското и провокативно решение“ за Ерусалим и рече дека решението на САД ги наградува „терористичките активности“ на Израел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење