Балкан
3. October 2016 - 12:48

Ердоган: ЕУ не го исполни ветувањето за помош од три милијарди евра

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган упати критика до ЕУ бидејќи не го исполнила ветувањето на Турција да и обезбеди помош за мигрантите во износ од три милијарди евра, согласно договорот меѓу Анкара и Брисел за спречување на бегалскиот бран во Европа.

- Се приближува крајот на годината. Тие ветија нешто, но не го исполнија, истакна Ердоган.

Со стапувањето во сила на договорот, кој беше постигнат во март оваа година, речиси целосно е запрен приливот на мигранти на грчкиот брег, кои до тука пристигнуваа со чамци од Турција, а илјадници од нив ги загубија и своите животи при обид да дојдат до Грција.

Европската комисија соопшти дека исплатата на средствата за Турција според договорот се заснова на проекти, а не се исплаќа како готовина.