Свет
5. September 2019 - 15:00

Ердоган: Доколку не добие поддршка, Турција повторно ќе ја отвори маршрутата за мигрантите

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција можеби ќе мора повторно да ја отвори рутата за мигранти кон Европа, доколку Анкара не добие доволна меѓународна поддршка за решавање на проблемот со сириските бегалци.
 
Во говор во Анкара, Ердоган, исто така, кажа Турција е одлучна до крајот на септември да ја создаде „безбедносната зона“ на североистокот од Сирија, во партнерство со САД, но е подготвена и самостојно да делува доколку тоа биде потребно, јавија британските медиуми.