Свет
3. December 2019 - 22:21

Ердоган: Добар состанок на НАТО четворката во Лондон

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во пресрет на самитот на НАТО вечерва во Лондон имаше средба со Ангела Меркел, Емануел Макрон и Борис Џонсон.

Состанокот за ситуацијата во Сирија со челниците на Франција, Германија и Велика Британија беше добар, изјави турскиот претседател, вечерва, веднаш по завршувањето на средбата.

Четворицата разговарале за турската операција „Извор на мирот“, насочена кон курдските милиции Единици на народната заштита и Работничката партија на Курдистан на северот од Сирија.

Меркел по средбата кажа дека имале добар и користен состанок.