Балкан
12. May 2016 - 10:44

Ердоган: Црното Mоре станува руско езеро

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека НАТО силите не се доволно распоредени во Црното Море и дека не можат да се спротистават на руското воено присуство на тоа место. 

- Му реков (на генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг) дека се отсутни во Црното море. Црното море почна да станува руско езеро, истакна  Ердоган на состанокот на началници на генералштабовите на балканските земји во Истанбул.

Тој додаде дека ќе бара од Алијансата да го реши тоа прашање на претсојниот самит во Варшава. 

- Ако не тргнете во акција, историјата нема да ви прости, порача Ердоган. 

Турскиот претседател истакна дека БиХ и Македонија треба наскоро да и се придружат на Алијансата за да ја зајакнат.