-->
-->
Ердоган: Би сакал да не го соборевме рускиот авион
-->
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека му е жал поради соборувањето на рускиот авион од страна на Военото воздухопловство на Турција и дека би сакал тој настан воопшто да не се случеше.
- Би сакал да не се случеше тоа, но се случи. Се надевам дека такво нешто нема да се повтори, изјави Ердоган во обраќање пред група негови поддржувачи.
Но и покрај изразеното жалење, Ердоган застана во одбрана на турската армија и упати критики кон Русија во врска со нејзините активности во Сирија.
Ердоган воедно изрази надеж дека евентуална негова средба со рускиот претседател Владимир Путин за време на претстојната конференција за климата во Париз би придонела за намалување на тензиите меѓу двете земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи