Спорт плус
9. July 2016 - 10:35

ЕП:Злато за Ортелано на 200 метри

Шпанскиот атлетичар Бруно Ортелано освои златен медал на ЕП во Амстердам на 200 метри во контроверзна трка во која мина втор низ целта. 

Најдобро време постигна Холанѓанецот Чуранди Мартина 20,37 секунди но подоцна беше дисквалификуван бидејќи минал во патеката на друг атлетичар. 
Така Мартина остана без второ злато на шампионатот откако претходно беше најбрз на 100 метри.
Сребро освои Турчинот Рамил Гулијев а бронза Дани Талбот од В.Британија.