Спорт плус
11. January 2016 - 9:41

ЕП:Србија доминираше против Хрватска

Ватерполо репрезентацијата на Србија ја декласира Хрватска со 13:6, во дерби натпреварот кој се одигра во рамките на првото коло на Европското првенство, кое во неделата започна во Белград.
 
Во реприззата на финалето од светскиот шампионат во Казањ, Хрватите кои се актуелни олимписки шампиони, на српските ватерполисти, кои ја бранат европската титула, им парираа само во првата четвртина, која заврши со резултат 3:1 за Србија.
 
Во понатамошниот тек од натпреварот Србите доминираа во назанот во Белградска арена, а во финишот при резултат 13:4 им дозволија на Хрватите да постигнат два гола и да го ублажат поразот.
 
Прлаиновиќ и Мандиќ со по три гола беа најефикасни кај Србија, додека Шетка со два гола беше најефикасен во хрватската репрезентација.
 
Покрај дуелот помеѓу Србија и Хрватска, во Б групата се одигра и натпреварот Франција-Малта, на кој Фрнацузите очекувано славеа со 17:7. Во А групата, Шпанија ја декласира Словачка со 13:4, а Црна Гора славеше над Холандија со 13:6.
 
Во понеделник ќе се одиграат натпреварите во останатите две групи, во Ц групата: Германија-Италија и Грузија-Романија и во Д групата Унгарија-Грција и Русија-Турција.