„Епл“ плаќа казна од половина милијарда евра поради соработка со словенечка фирма што била на црна листа на САД
Американскиот гигант „Епл“ ќе плати казни од речиси половина милијарда долари за обвинување дека склучил договор со словенечката софтверска компанија АТР.СИС д.o.o.
АТР.СИС д.o.o. беше санкционирана поради обвиненија за трговија со дрога, според Министерството за финансии на САД, објави „Волстрит џурнал“.
Технолошкиот гигант ги прекршил санкциите на САД со тоа што хостирал, продавал и олеснувал трансфер на софтверски апликации на словенечката софтверска компанија што била на црната листа.
„Во 2017 година откривме дека невнимателно плаќавме компанија што се наоѓаше на списокот на специјално назначени од Министерството за финансии на САД“, рече портпаролот на Епл.
„Ние известувавме за тоа и целосно соработувавме во нивната истрага, што сега е завршена“, додаде тој.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид