Македонија
7. April 2020 - 14:37

Епидемиолозите сметаат дека нема потреба од изолација на три струшки села каде има најмногу случаи на Ковид-19

5 пациенти позитивни на Ковид 19 од охридско струшкиот регион се препратени во болницата во Битола која ќе биде регионален центар.Во инфективното одделение во Охрид се лекуваат пациентите со полесни форми ,моментално има 6 лица со симптоми чии резултати сеуште не се пристигнати односно нивната дијагноза не е потврдена .

Лицата сместени во геријатриското одделение се префрлени во болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо ,а оваа просторија и кожното одделение ќе бидат ставени во функција на инфективно.

Во однос на новите жаришта во струшките села епдемиолозите сметаат дека нема потреба од изолирање на Лабуништа Татеши и Велешта  и покрај големиот број на заболени и починати лица. Ќе се формираат локални штабови на ниво на месни заедници.

Од општата болница велат дека имаат доволно капацитети за справување со епидемијата ,инфективното одделение располага со три лекари двајца специјализанти и 20 медицински лица .