Македонија
18. October 2021 - 16:36

Епидемиолозите очекуваат партиските прослави негативно да влијаат на ковид состојбата

Еуфоријата од изборните резултати ги понесе сите и заборавија на ковид пандемијата. Гушкања, славење и дружење без почитување на протоколите. Не само на отворено каде имаше зурли и тапани, туку и во затворен простор и покрај гужвите ретко кој од политичарите носеше заштитна маска.

Епидемиолозите велат зголемување на бројот на заразени ќе има, но не очекуваат драстично влошување на состојбата.

- Ќе има зголемување е сега од каков интензитет ќе биде ќе зависи од многу фактори. Секако дека тие славења и дружби носат епидемиолошки ризик, но мора да го имаме во предвид и фактот каков е имунитетот на тие што биле на социјалните дружби а знаејќи дека голем број прележале и се вакцинирани, не очекувам сериозно поместување на епидемиолошката состојба, иако ќе повторам зголемување на бројките ќе има, вели проф. др. Драган Даниловски, епидемиолог.

Епидемиолозите предупредуваат на внимателност бидејќи изборите не се завршени и кампања ќе има и следните десет дена. Колку досегашните митинзи и прослави ќе ја сменат сликата ќе се знае за една недела.

Инаку, вчера на избирачко место место гласало и лице позитивно на Ковид-19.