Македонија
1. August 2020 - 16:38

Епидемиологот Пановски предупредува од Охрид: Следните 2 дена нема да одам на плажа!

Залудни се апелите за почитување на здравствените мерки и протоколи кога туристите не ги почитуваат. Епидемиологот Никола Пановски не очекува бум во порастот на заболени, но сепак смета дека ризикот е голем. Опасноста демне во вечерните часови особено меѓу младите кои се собираат во баровите и чаршијата. На плажа и во вода можно е пренесување на вирусот, но спорадично, бидејќи сепак луѓето се на отворено.

Пановски кој е на летување во Охрид вели следните два дена нема да оди на плажа, а истото го препорачува на сите кои се подолго на одмор.

Надлежните најавија засилени контроли викендов во сите туристички места.