Македонија
26. April 2020 - 19:38

Епидемијата, полицискиот час, намалениот сообраќај и индустрија ја разбудија природата во Охрид

Природата се буди за време на коронавирусот.Намалено е загадувањето на воздухот , водата и бучавата во градовите . Отсуството на луѓето од улиците дефинитивно им годи и на птиците ,рибите и животните.Додека граѓаните остануваат во своите домови поради карантинот воведен како мерка за спречување на ширењето на ковид-19 живиот свет слободно се движи. Таков е примерот и со лебедите во Охрид кои претствуваат   вистински украс на езерото.

Зороски вели дека во период кога човештвото застана со своите активности може да дојде и до зголемување на рибниот фонд во Охридското езеро бидејќи е сезона на мрест на многу видови риби.

Екологистите  сметаат дека треба да запре економскиот раст со неограничено користење на природните ресурси при тоа безмилосно уништувајќи го екосистемот.