Македонија
31. January 2019 - 16:42

Епидемијата од морбили не стивнува - едномесено бебе со Даунов синдром заразено од мали сипаници

Морбилите се раширија и во Куманово. На Инфективна хоспитализирано е едномесечно бебе со Даунов синдром заразено со мали сипаници. На Клиниката болеста била потврдена кај уште еден возрасен кумановец кој бил третиран амбулантски. Регистрирани се уште 4 нови случаи во Скопје, информираа од министерството за здравство.

За неполн месец МРП вакцина примиле над 5 илјади лица.

Во меѓувреме во Агенцијата за лекови три недели по обелоденувањето на скандалот со погрешните декларации на 600-тини вакцини против морбили сеуште пресметуваат колкава да биде казната за увозникот “Македонија лек”.

ОД МАЛМЕД за Сител изјавија дека висината на паричната санкција треба да се определи според годишниот приход на компанијата и бројот на вработени иако министерот Филипче побара максимална казна која во ваков случај е 50.000 евра.

Случајот со погрешниот рок на МРП вакцините со истражува и обвинителството. Според информации на Сител веќе биле во Агенцијата за лекови каде ја собрале потребната документација.